Art & Crafts

Направете декоративен анѓел од стара книга

Во секој дома може да се најде барем една книга со пожолтени станици која со години собирала прашина. Ако сте сигурни дека веќе никогаш нема да ја читате, ви предлагаме корисен начин како да ја употребите и да направите украс кој ќе ви го разубавува домот за празниците.

Декоративниот анѓел не е тежок за правење, односно, ако умеете да свиткате хартија, сигурно ќе успеете. Забавувајте се, рециклирајте на креативен начин и воедно украсете го домот.

 

Во продолжение има и видео упатство како да го направите.

Потребен материјал:

  • Стара книга (што повеќе страни има, толку пораскошен анѓелот ќе биде)
  • Новогодишен украс со изглед на топка или обична дрвена или метална мала топка (зза главата)
  • Гел со светки за украсување
  • Силиконски лепак

 

Начин на изработка:

Декоративниот анѓел можете да го направите од еднаш со крила, како што е прикажано и во видео упатството. Или пак крилата можете да ги направите и посебно така што ќе свиткате лист хартија во облик на хармоника и накнадно да го прицврстите на телото на анѓелот. Во тој случај, можете да го прескокнете првиот дел во кој е прикажано како се прават крилата.

Украсната топка залепете ја со силиконски лепак на телото, а како завршен детал можете да го украсите анѓелот со светлуцав гел и светки.

 

Write A Comment