Тетоважи наместо бурми е сега најновиот тренд во светот на венчавките. Се поголем е бројот на млади кои на оригинален начин сакаат да ја искажат својата љубов. Еден од тие начини е тетовирање на бурми.
Во денешницата, тетоважите се се помалку табу тема.Всушност една третина од малдите под 30 години има една или повеќе тетоважи. Овие доживотни уметнички дела не е нешто што се прави безврска, а посебно кога ја делите со некој со кој сте во врски или брак… На тој начин се создава поголема посветеност кон некого.
Зошто тогаш да не направите комбинација помеѓу љубовта кон уметноста и љубовта кон саканиот?

