Поранешната глумица Меган Маркл и вереницата на принцот Хари полека се припрема за новиот начин на живот кој ќе го има во Англија и тоа по правилата на кралското семејство.
Иако свадбата е закажана дури за 19 мај, Меган полека почнала да го менува начинот на живеење од корен. Освен што го напуштила глумењето, следно било бришењето на сите профили од друштвените мрежи.
Од утрор Меган повеќе нема Инстаграм, Твитер и Фејсбук иако нејзините фанови се прилично разочарани, ваквиот потег донекаде беше и очекуван.
Општо познато е дека сите новости за британското кралско семејство се објавуваат преку официјален канал, па така ќе биде и за животот и новостите за Меган и принцот Хари.
Меган се заблагодарува на сите кои со години ја следеле на друштвените мрежи, а одлуката да ги избрише ја донела поради тоа што повеќе не ги користела подолго време – тврдат од палатата.
