Сигурно никогаш не ви паднало на памет дека вака би ја користеле солта. Прочитајте ги следните неколку примери и повеќе никогаш нема да ја исфрлите од употреба.
- Додајте малку горка сол во својот шампон за коса и исперете ја како и обично, Вашата коса ќе стане посјајна.
- Измешајте 2 лажици горка сол со малку вода и смесата нанесете ја на некоја мрснотија, таа набрзо ќе избледе.
- Опуштете ги вашите мускули по вежбање така што во купката додајте малку сол
- Доколку имате трн, нанесете горка сол на тоа место и трнот ќе излезе а пинцетата нема да ви е потребна
- Пред да одите на спиење уживајте во топла купка во која ќе додадете горка сол за да можете подобро да се одморите
- Исчистете ја вашата машина за перење со топла вода и горка сол во неа
- Земјата во која сте посадиле домати истурете горка сол за плодовите да бидат поголеми
- Вашата трева ќе биде позелена ако во водата додадете горка сол
- Ако ги испрскате своите растенија со вода и горка сол инсектите ќе се држат подалеку од нив
- Испркајте ги корените на вашите ружи со мешавина од вода и горка сол и тие побрзо ќе пораснат
