Кожата на лицето, после напорниот работен ден и домашните обврски, постепено ја губи свежината. За да ви излеземе во пресрет околу овој прблем, ви донесуваме брзи совети кои ќе ве спасат во критичните ситуации.
Уморни очи
Ако сте уморни, малку пудра или highlighter ќе ја заврши работата! Светлината ќе се одбие од осветлувачите директно на вашите очи, со што автоматски ќе ги “подигне”. Пудрата или highlighter-от нанесете го на образите, кон надворешниот агол на очите. Потоа дел од пудрата со лесни движења нанесете ја под веѓите.
Исушена кожа
Хидратантниот спреј за лице на кожата ќе и го врати природниот сјај, воедно и ќе ја освежи. Доколку не ви е при рака, обидете се со спреј кој содржи витамини, антиоксиданси и минерали.
Сува кожа без сјај
За овој проблем ви препорачуваме сами дома да си направите смеса од тиква и сливи. Овие продукти содржат салицилна киселина која ја одстранува маснотијата и мртвите станици. За да ја направите смесата потребно е да загреете 4 лажици вода, истовремено во водата додадете сливи и тиква. Варете на тивок оган во следните 30 минути. Од смесата направете пире и нанесете го откако ќе се олади. Смесата држете ја на лицето половина час, потоа измијте го лицето со ладна вода.
