Sweet Home

И малиот стан може да изгледа убаво

Во овој текст ви претставуваме еден стан на скандинависки дизајнер. Ова е стан со голема функционалност, а кој се протега на само 42 квадратни метри. Ова е доказ дека и малиот стан може да изгледа убаво, а при тоа да биде идеално искористен секој негов сантиметар.

Внатрешноста на станот е уредена во земјени тонови, а ѕидовите се бели. Сепак малите станови не дозволуваат премногу боја на ѕидовите бидејќи тоа ќе ги направи само да изгледаат уште помали.

Циглата е еден од деталите кои ја прават позитивна и топла атмосверата во домот. Освен за шанкот, тие се употребени и на еден ѕид во станот, што го прави оригинален на посебен начин.

 

Write A Comment