Free zone

Каква секси долна облека сакаат хороскопските знаци?

Овенот e љубител на црн сатен, близнаците сакаат бели униформи, лавот преферира долна облека со животински принтови, а пак водолиите футуристички и сјајни материјали. Прочитајте каква долна облека сакаат хороскопските знаци. Ова ќе ви помогне при купување провокативна облека за вашиот партнер.

ОВЕН
Oвните сакаат долна облека во разни бои, а особено во црвена и портокалова. Доколку сакате да заведете Oвен, одлучете се за комбинација од портокалов и црн сатен или свила.

БИК
Биковите сакаат се` што е предизвикувачко или детинесто. Розовата и црната се нивните омилени бои на долна облека. Жените родени во овoј знак обожаваат високи кожни потпетици и мрежести чорапи. Машките припадници на овој знак ги привлекуваат жени со тетоважи и пирсови. Некои бикови се склони кон врзување лисици, јажиња и користење камшици.

БЛИЗНАЦИ
Близнаците имаат прилично перверзна фантазија. Уживаат во секси униформи како медицински сестри, учителки или полицајки. Жените во знакот на Близнаци сакаат кимоно или кожно трико.

РАК
Жените родени во знакот на Рак сакаат долги проѕирни ноќници прекриени со светликави елементи. Омилени бои за долна облека им се зелена и црвена, а го обожаваат сатенот. Некои од Раковите сакаат бела долна облека.

ЛАВ
Лавиците сакаат долна облека со тигрести и леопардови шари. Исто така, сакаат и малку крзно на својата кожа. Секој секси костим кој на себе има опаш или уши, на лавиците им е привлечен и секси. Тие сакаат и свила, сатен, машнички, но и модели кои се пародија на педесетите и шеесетите години.

ДЕВИЦА
Девицата е прилично скромна и преферира практична долна облека. Ако се подготвува за некоја секси акција ќе одбере корсет, а се чувствува заводливо во чорапи со подвезици.

ВАГА
Вагите се љубители на најлудата и најсекси долна облека што може да постои. Розова, жолта и сина им се омилени бои на Вагите, но сакаат да носат и златна долна облека, како и мрежести чорапи и проѕирна облека.

СКОРПИЈА
Скорпиите се секси по природа и сакаат кожа. Омилена боја им е црната. Паѓаат на фетиш опрема, како што се опрема за врзување со синџири и лисици, а сакаат и високи чизми.

СТРЕЛЕЦ
Жените Стрелци ја обожаваат сензуалноста на корсетите и сексипилот кој го даваат долгите ракавици, како и чизми и долна облека со многу копчиња. Сакаат плишани ткаенини, а виолетова, црвена и зелена им се омилени бои.

ЈАРЕЦ
Јарецот е многу чувствителен знак. За него примамлив е памукот. Квалитетна ноќница е секси за нив, дури и ако е закопчана до врат. Ги возбудуваат и парчиња облека со многу светликави елементи. Многу жени родени во овој знак сакаат да носат мрежести чорапи и танга и сатенски градници. Преферираат долна облека во розова, сина и жолта боја.

ВОДОЛИЈА
Светло црвена и темно виолетова се нивни омилени бои, а пердуви, маски, свилени марами и шалови им се омилени додатоци. Многу ги возбудуваат викторијански кожни чизми и и женствени ракавици.

РИБИ
Рибите обожаваат високи потпетици. На мажите Риби ќе им се допадне жена која носи боксерки или преголема машка маица за спиење. Ги возбудува изгледот на невина студентка, но не можат да одолеат ни на секси долна облека.

Write A Comment