Убавина

Која е идеална нијанса за жени постари од 40 години?

Со текот на годините, кожата на лицето бледее, па посветлите бои подобро им прилегаат на дамите во оваа деценија од животот. Тоа не значи дека ви е потребна драматична промена на бојата – неколку светли перчиња ќе имаат освежителен ефект, советуваат експертите.

Дали е мудро да се врати природната боја на коса? Никогаш не ја враќајте бојата што сте ја имале како помлади. Таа нијанса ќе биде претемна за вас и нема да му прилега на вашиот тен.

Која е разликата меѓу полутрајните и трајните фарби за коса?

Полутрајната боја за коса може да ја затемни косата и да ѝ обезбеди сјај. Но, за разлика од трајните фарби, кои содржат повеќе хидроген, полутрајната не може да ја осветли косата.

Write A Comment