Мојата кујна

Суфлаки

Одличен предлог за денешното мени. Суфлакито обично се спрема со пилешко или свинско месо така што се сецка и реди на стапчиња, но може и да се послужи во лепче.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* пилешки стек

* маринирани шампињони

* лебни трошки

* кари, бибер, буковец, готов зачин за пица

* домати

* млад кромид

* лук во прав

* павлака

* лебче

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Стекот исецкајте го на коцки и пржете го на загреано масло. Кога ќе биде на половина од спремањето доставете му ги сецканите шампињони, и продолжете со пржење. Потоа додајте  го зачинот за пица, биберот и карито. Пред самиот крај додајте и една лажица лебни трошки. Мешајте цело време. На крајот додајте го буковецот, кој по желба може и да биде лут.

На лепчето намачкајте павлака во која ставивте малку лук во прав. Потоа ставете го место, па доматите и одозгора исецканиот млад кромид. Свиткајте го лепчето.

Write A Comment