Sweet Home

Уникатен дом во Стокхолм

Уште еден во низата на неверојатно прекрасно уредени домови е и овој стан сместен во Стокхолм.

Станува збор за прекрасен стан од 217 метри квадратни кој нуди уникатен простор за живеење. Само еден поглед е доволен да се заклучи дека дизајнерите на ентериерот вложиле огромен напор, се со цел да создадат дом во кој сопствениците ќе уживаат.

Самиот влез во станот започнува со широк ходник кој се отвора кон три спални соби дизајнирани на начин да максимално ја искористуваат дневната светлина. Големата дневна соба е центарот на станот, а истата, поради својата пространост, нуди максимална удобност семејството. Светлите ѕидови и големите прозорци овозможуваат искористеност на дневната светлина и оставаат впечаток на уште поголем простор, додека пак мебелот изработен од материјал во весели бои, дава дополнителна свежина во целиот дом.

Со метални врати на лизгање, дневната соба е одделена од трпезаријата и кујната, простории во кои исто така се посветило огромно внимание на уредувањето. Едноставните кујнски елементи се дополнети со интересни тапети на ѕидовите, како и интересен дизајн на столовите и килимот, детали кои што само допринесуваат кон впечатокот на топлина кој што го остава овој дом.

Спалните соби се опремени со големи кревети, вградени плакари и се што е потребно за овие простории да му овозможат на сопственикот да ги задоволи сите свои потреби. Станот има три бањи, а секоја од нив е прекрасно уредена и дизајнирана.

Едноставно, станува збор за дом во кој навистина секој би посакал да живее.

 

Write A Comment