Состојки:
- 150 мл маслинов зејтин
- 150 мл бело вино или пиво
- 1 пециво
- 1/2 коцка путер
- 100 г ленено семе
- 100 г интегрален сусам
- 100 г семки од тивка
- 100 г сончоглед
- 3 лажици мед
- суво овошје по желба
- 600 г р`жано брашно
- 400 г пченично брашно
- 1 лажица какао
- 50 г изрендано црно чоколадо
- екстракт од ванила
- цимет
Приготвување:
Состојките се мешаат и на крај се додава брашното. Потребно е смесата да стане нелеплива и да може да се обликува со раце. Можете да правите мали ситни точиња или да користите калап за различни форми. Колчите се печат на температура од 150 степени околу 1 час, потоа се оставаат во загреаната рерна дури не се оладат .
