Во последниве месеци, се повеќе и повеќе станува популарен начинот на депилација со помош на шеќер. Со шеќерот можете да се депилирате многу едноставно и ефикасно, слично како и со восокот. Интересно е тоа што, овој метод е многу стар и потекнува од Блискиот Исток, каде што денес токму таму се наоѓа решението за еден од најголемите проблеми кај жените. Со малку пракса, овој тип на депилација ќе можете да ја направите и самите.
Пред да ви објасниме што треба да направите, имајте до знаење дека овој метод ги отстранува сите можни влакненца, па затоа нема потреба да чекате да пораснат до одредена должина, како за депилацијата со восок.
Што ви е потребно за да ја направите смесата?
– 250g шеќер
– 200g мед
– лимон
– платнени ракавици
На кој начин да се депилирате со шеќерот?
1. Во сад загрејте 250g шеќер, до степен додека не потемни.
2. Додадете 200g мед и 2 супени лажици сок од цеден лимон.
3. Тргнете ја смесета од топлина мешајте додека не добие жолто-златна боја, густина како смола, односно додека не добие густина како паста.
4. На чиста кожа, нанесете топла смеса во вид на траки, во спротивен правец од растот на влакната.
5. Со брзо движење, со помош на платнените ракавици, отстранете ги лентите во правецот на растот на влакната.
6. По завршувањето на депилацијата, сите остатоци многу лесно се отстрануваат со топла вода.
Напомена: Депилацијата со помош на шеќер се препорачува за чувствителна кожа, бидејќи овие природни материи не предизвикуваат иритации на кожата. На почетокот бидете стрпливи, затоа што е потребно малку искуство за да ги совлададете движењата. Секој следен пат ќе биде поедноставно, побрзо и полесно.
