Art & Crafts

Шест начини за да прекинете да икате

Иако постојат безброј трикови и ви се чини дека ниеден не е корисен, пробајте едно од овие едноставни и брзи решенија кои можат да ви помогнат да престанете да икате.

Земете лажица шеќер
Крупните трошки шеќер ќе го пронајдат хранопроводникот и ќе направат мускулите на градниот кош да “проработат” и да го прекинат икањето.

Изедете нешто кисело или многу зачинета храна
Храната, како оцет и чили, ќе ги надразни клетките за чувство на јазикот и ќе ја предизвика работата на нивните мускули кои влијаат на мускулот на хранопроводникот и на градниот кош, со што ќе го прекинат надразнувањето кое предизвикува икање.

Дишете во кеса
Ставете кеса на устата и неколку пати вдишите и издишите во нејзе. На тој начин ќе се големи нивото на јаглерод диоксид во крвта и ќе ги стимулира мускулите на градниот кош на повеќе работа за да надокнадат со кислород.

Пијте вода
Ако сакате да престанете со икање длабоко пијте вода неколку голтки бидејќи така најдобро ќе ја зголемите работата на мускулите на градниот кош.

Џвакајте коприва
Иако е бизарно, џвакањето на зачин од коприва делува на тој начин што семето ги стимулира нервните клетки и влијае на престанокот на икање.

Земете мед
Ставете лажица мед на крајот од јазикот. Како и копривата, тој ќе ги надразни мускулите на хранопроводникот и градниот кош и икањето моментално ќе престане.

Јадете чоколаден прелив
Освен што ќе уживате во вкусот, чоколадниот прелив ќе ја зголеми работата на мускулите на јазикот и дишните патишта поради тежината на голтањето, и тоа ќе влијае врз престанувањето на икањето.

Write A Comment