Sweet Home

Креативни промени во спалната соба

Спалната соба е лично светилиште во кое се повлекуваме после секој напорен ден. Секога вечер токму во оваа соба се криеме од стресот и од надворешниот свет. Во неа поминуваме многу време, без разлика дали сме будни или не. Затоа е потребно таа да биде удобна, мирна, опуштена. Малку креативност може да направи чудо од вашата спална соба.

Едноставни промени

 

Додајте неколку перничиња со интересни и впечатливи бои. Може да се одлучите и за истите бои кои ги имате во собата но со поинаков материјал. Перничињата може многу да променат во собата. Тие лесно постигнуваат романтичен изглед на собата. Само перничиња во два реда, позади повеќе, напред помалку и ефектот ќе биде очигледен.

Дрга мала работа која прави голем ефект е светлото. Доколку до сега имавте лампа од едната или од двете страни на креветот сега пробајте со висечко светло. Тоа значително ќе го поромени изгледот на вашата соба.

Рамки за слики или рамки со огледала. Ставете некоја слика на ѕидовите, само внимавајте изборот на рамката да се совпаѓа со стилот кој го имате во собата.

 

Декоративни елементи. Малите полици украсете ги со неколку декоративни елементи. Може да ставите сцеќи, свеќници, цветови, рамки за слики, или едноставно некој украс со рачна изработка.

Поинакви ѕидови

 

Ако сакате да направите поголема промена во спалната соба, тогаш обидете се со промена на еден или сите ѕидови. Залепете некој украсен тапет, или искречете го ѕидот во поинаква контрастна боја. При изборот на алтернатива имајте во предвид дека темната боја го намалува просторот, светлата визуелно го проширува, хоризонталните линии визуелно го прошируваат просторот, а вертикалните го издложуваат.

Ако сакате брза и ефектна промена тогаш одлучете се за ѕидните налепници и асиметрично поставување на елементите.

Write A Comment