Мојата кујна

Ролат со шунка и кашкавал

Состојки:

– 3 јајца
– 9 лажици брашно
– 1/2 кгр. млеко
– малку сол
– 100 гр. маргарин
– 150 гр. кашкавал
– 150 гр. шунка

Начин на подготовка:

Направете тесто (смеса) од јајцата, брашното, млекото и малку сол. Потоа ставете го маргаринот во плех и ставете го во рерна за да се стопи. Откако ќе се стопи,врз маргаринот истурете го тестото. Печете на температура од 250 степени, додека тестото не стане црвено. Откако ќе се испече,оставете го малку да постои (околу 10сетина минути), потоа брз него изрендајте или исецкајте ги кашкавалот и шунката. Свиткајте ролат.

Write A Comment