Убавина

Пет необични решенија за итни случаи

Постојат многу необични совети за убавина кои ќе ги слушнете од пријателите, во фризерските салони, кај козметичарите… Некои од нив навистина делуваат.
Можеби звучат премногу необично но се ефтини и што е најважно навистина помагаат.

Туш од бадем
Ако одсекогаш сте сакале да носите природна шминка еве прилика. Ставете бадем на огин да гори, по тоа изгорениот дел искористете го како туш. Бадемовото масло ќе ја направи пепелта по леплива, така ќе се задржи на кожата.

Запалете го моливот за веѓи
Сигурно ви се случило моливот да не остави добра линија. Постои едноставен начин да го поправите. Држете го врвот неколку секунди на огин, почекајте малку да се олади и тогаш нанесете.

Штирак наместо лак

Знаеме дека одлично користи за зацврстување на јаките од кошулите, исто така може да ја задржи и вашата фризура. Не ве советуваме често да го практикувате овој трик, но може да ви помогне во итните случаи кога ќе немате лак за коса.

Кесичка чај за маникир
Кога ќе ви се скрши ноктот, најбрзо решение може да најдете во кесичка чај. Исечете дел од кесичката и залепете под ноктот со лепак кој го имате при рака. Ќе издржи додека не отидете на маникир.

Сода бикарбона ги остранува дамките
Освен за чистење во домаќинствата може да се употребува и да ги исчистите дамките кои ви се на кожа, од креми за самопотемнување.

Write A Comment