По неколку пати прочитајте го и проучете го секој оброк. Обавезно планирајте го јадењето еден ден однапред, да за не чувствувате дека сте на диета. Оваа диета покрај губиток на килограми предизвикува и промена на метаболизмот. Диетата трае 90 дена и за тоа време со губат 18-25 кг.
Доколку сакате да намалите помалку килограми, тогаш диетата можете да ја прекинете кога сакате, но нема да дојде до промена на метаболизмот.
По завршување на четрвтиот ден повторно се почнува од првиот. По желба петтиот ден може да биде воден ден, односно да не се јаде, да се пие само вода.
ДОРУЧЕК: (секогаш е ист, за сите 90 дена) – Овошје. Се јаде во пар (2 јаболки или 2 крушки, или 2 портокали или една дланка ситно овошје како на пример јагоди).
ПРВ ДЕН – ПРОТЕИНСКИ ДЕН
РУЧЕК: Варено или печено месо во количина од три шницли и салата во неограничени количини, а на крај се пие 2 dl супа без тестенини. Супата мора обавезно да се испие. Наместо месо може да се изедат 3 варени или пржени јајца. Млеко и сирење може да се јаде само овој ден. Дел од месото може да се замени со сирење, а салата може да направите од било кој зеленчук.
ВЕЧЕРА: Исто како и ручек. Треба да водите сметка за тоа ако сте ручале месо, треба и да вечерате месо, а ако сте ручале само јајца тогаш за вечера треба да јадете само јајца. Се е исто само што за вечера нема супа.
ВТОР ДЕН – СКРОБЕН ДЕН
РУЧЕК: земете длабока чинија и до линијата наполнете ја со грав или грашок или ориз или компири, може и зачинето и салата по желба може да јадете неограничено.
ВЕЧЕРА: Исто што и ручек, само сега чинијата да биде полна до половина.
ТРЕТ ДЕН – ЈАГЛЕНО-ХИДРАТЕН ДЕН
РУЧЕК: Варени тестенини со зачини, или пица само со кечап или кое и да било друго печиво во колкичина колку една пица. И овој ден може да се јаде салата.
ВЕЧЕРА: Две мали парчиња торта или 3-4 колачиња или 3 топки сладолед и обавезно еден ред чоколадо за готвење.
ЧЕТВРТИ ДЕН – ОВОШЕН ДЕН
РУЧЕК – Различно овошје (банани може да се изедат најмногу 2)
ВЕЧЕРА: Исто што и ручек
