Сите ние знаеме колку може да не изнервира масна дамка на омилената кошула или потемнети завеси кои не можеме да ги замениме со нови. Меѓутоа, овие трикови можат да ви помогнат во такви ситуации.
Дамките се секако најголем проблем при перењето на облеката, а најнезгодни се оние од восок и мастики, како и флеките од мрсна храна.
Еве како можете да ги одстраните пред перење:
1. За да го отстраните восокот или мастиката од гардеробата или постелнината, оставете прво да се исуши, а потоа извадете колку што можете повеќе.
Врз флеката ставете весник.
Со пегла пројдете неколку пати горе- долу и мастиката , односно восокот, ќе се залепи на весникот.
2. Мрсните флеки кои остануваат по перење на долниот веш ( или што и да се најде на гардеробата ) лесно ќе ги отстраните ако ги потурите со детска беби пудра, малку почекајте, па пудрата истресетеја од гардеробата.
3. За да ви бидат завесите чисто бели по перењето, натопете ги со вода во која претходно сте ставиле прашок за пециво и оставете ги така натопени да преноќат.
На три литри вода се додава еден прашак за пециво.
