Без разлика дали го користиме готвен или не, докажано е дека зеленчукот го намалува чувството за глад. Всушност тој содржи малку калории, а има многу витамини и вода во неговиот состав. Истражувањето покажало дека доколку во текот на ручекот јадеме и некоја нискокалорична салате, внесуваме 15% помалку калории.
Голем број луѓе кои биле на диета и успешно ја намалиле својата телесна тежина, истакнуваат дека клуч за сочувување на витката линија на телото е зеленчукот. Половина чинија секогаш треба да се полни со ниско-калоричен зеленчук и да се додава во што е можно повеќе јадења, како на пример тестенините и сендвичите.
Зеленчукот ја враќа рамнотежата во организмот, смирува и спречува развивање на голем број болести благодарение на неговите здрави и хранливи состојки.
