Убав лесен оброк кој ќе ве разнежни и на првиот залак. Подгответе ги макароните на малку поинаков начин.
Најпрво сварете ги макароните.

Следен чекор е да го потготвите бешамел сосот. Ставете го путерот на загреана тава. Откако ќе се растопи ставете го брашното, солта, биберот. Мешајте за да не се направат грутки. Додадете го млекото или јогуртот и мешајте постојано. На крајот ставете го ренданиот кашкавал.




Откако ќе се растопи ставете ги макароните во тавата.

Бокулата исецкајте ја на парчиња.

Во помали тавчиња ставете од макароните измешани во сосот и ставете ја брокулата. Доколку сакате може и во една тава сето тоа да го измешате.

Одозгора ставете пармезан.

Така подготвени ставете ги да се запечат.

Уживајте…
Потребни состојки:
Макарони
2 лажици путер
2 лажици брашно
1 шоља млеко или јогурт
сол и бибер по потреба
1 шоља рендан кашкавал, може да ставите и два вида на кашкавал
1 шоља сецкана брокула
Совет: најдобро би било да користите една иста шоља за да ставите идеална количина на состојки кои ви се напишани во количина по шољи.
