Познато е дека медот е одличен за косата и кожата, како и за здравјето воопшто. Тој има магичен вкус и е популарен и кај возрасните и децата. Меѓутоа, поради високите цени, на пазарот се наоѓа и мед кој не е органски одгледуван и содржи голем број хемикалии во својот состав. Докажано е дека дури 76% од медот на пазарот е полн со хемикалии.
Таквиот мед често може да го најдете и во супермаркетите, па затоa би требало да знаете како да го препознаете.
– Доколку медот не „кристализира“ со тек на времето, постои можност да е неквалитетен, бидејќи органскиот мед ќе „кристализира“ доколку се чува во фрижидер.
– Секогаш прочитајте ја налепницата, а доколу содржи комерцијална гликоза или пченкарен сируп, одбегнувајте го.
– Додаjте неколку капки јод во чаша со вода и додајте малку мед. Доколку медот добие сина боја, тогаш тој е во комбинација со пченкарен скроб.
– Додајте неколку капки оцет во мешавина од вода и мед. Доколу се појави пена, медот содржи гипс.
– Запалете мед со фосфор и кибрит, доколку се запали, тоа е чист мед.
– Ставете лажица мед во чаша вода. Доколку медот не се раствора, тогаш е природен и квалитетен.
