Bridal

Зошто невестите носат бел фустан?

Обично невестите носат бел фустан и бел вел кога прават свадба. Но, од каде и од кога потекнува оваа практика?

„Бела свадба” е традиционална форма на свадба која потекнува од Британија. Терминот потекнува од бојата на фустанот на невестата. Кралицата Викторија била првата од елитата која носла бел фустан на својата свадба. Невестите пред не носеле богати венчаници обично во црвена боја со малку бело и сребрено. Ги комбинирале и со многу други бои како сина, жолта, црна, кафеава или сива. Подоцна жените почнале да ја следат оваа мода на бели венчаници која ја издиктирала Викторија во 1850 година кога се омажила за принцот Алберт. Во прв план белата венчаница симболизирала дека семејството на невестата е богато и од добра класа. Исто така, белата боја ја носеле девојките кога оделе на суд.

Жените носеле вел во црквите во 19-от век, кој симболизира дека невестата е добро вопитана. Исто така велот симболизира дека невестата е невина и чиста. При крајот на 19-от век невестите носеле бели фустани на двете страни на Атлантикот. Британците од средна класа не носеле бели венчаници се до крајот на Втората светска војна. Во 20-от век исто така се вовело новото „правило” дека венчаницата треба да се носи само еднаш, иако и кралицата Викторија си ја рекреирала венчаницата за да може да ја носи повторно.

Оваа практика со белите венчаници станала уште попопуларна во 1981 година, кога милиони луѓе во светот ја гледале венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дајана. Се смета дека оваа венчавка е една од највлијателните венчавки на 20-от век.

Сепак, сега венчаници има во разноразни бои и стилови, за сечиј вкус.

Write A Comment