Јогурт диетата пред се е здрава за огранизмот. Таа е многу корисна за варењто и помага да се подобри варењето. Јогурт диетата може да се практикува на неколку начини, но ние ќе ви ја презентираме брзата диета со јогурт.
Јогурт диетата се јавува во некоку начини, а некои од нив се Јогурт и цимет, Јогурт и јаболки, Јогурт и лимон, Јогурт и краставица итн. За сите овие едно нешто е заедничко, а тоа е дека секојдневно треба да се конзумира голема количина на Јогурт.
Јогурт диетата е хит за вработените
Тридневната диета со јогурт е вистински хит помеѓу вработените, бидејќи е многу лесна за држење и носи одлични резултати за краток временски период. Јогурт диетата за 3 дена никако нема да ве изгладни ниту пак ќе се чувствувате исцрпено и омалаксано, напротив вие ќе бидете полни со енергија.
Мени за 3 дена
Прв ден
Доручек : Јогурт со ниска масленост со “снегулки” по ваш избор.
Ручек: Варен зеленчук на кој што можете да додадете маслиново масло. Зачини можете да ставите сол и бибер, а за десерт можете да изедете едно овошно јогуртче.
Вечера: Салата од морков, јаболки и 50гр шунка. Сето ова пропржете го на маслиново масло и кога ќе го тргнете од огнот додадете во него Јогурт со ниска масленост.
Втор ден
Доручек: Салата од краставици, бидејќи е идеална за почеток на новиот ден. Се што е потребно е да исекате краставица и во нејзе да додадете пробиотски јогурт.
Ручек: Мисиркино месо пропржено на маслиново масло. Во него додајте пиперка, домат и ситно исечкани печурки. Откако ќе се олади додајте еден јогурт.
Вечера: Овошен јогурт со шумско овошје. Наша препорака е да го направите самите дома со јогурт кој што има ниска масленост, но ако немате услови и оној од продавница ќе заврши работа.
Трет ден
Доручек: Цимет и јогурт кој што ќе го подготвите на следниов начин:
Во јогуртот додајте изрендано јаболко, мала количина на сирење, малку цимет и посолете по ваш вкус.
Ручек: 150 грама филети од Ослиќ испечете ги, а потоа на ова додајте салата од краставици и јогурт и малку сенф за подобар вкус.
Вечера: Во 100 грама тестенини додадете едно јајце и ситно исецкана пиперка и на крајот измешајте го сето тоа со јогурт со ниска масленост.
За да можете да ги видите резултатите од оваа диета и да имате симнато околу 5кг препорачуваме диетава да ја држите една недела. Во првите 3 дена вие ќе направите само еден детокс на организмот, а после тоа следува вистинското слабеење.
Доколку при држење на оваа диета почувствувате глад, меѓу броците можете да консумирате пробиотско јогуртче.
