Mатематиката на децата треба да им биде претставена на забавен начин за да може да ја засакаат истата. Воведете го вашето дете во светот на броевите и геометриските форми преку следните игри:
Броење на движења Ова е интересна домашна игра со која се комбинираат броењето и движењето на детето, а можете и вие да се приклучите во неа. Застанете еден до друг и прво вие кажете еден број од 1 до 10 и побарајте вашето дете да направи толку чекори. Потоа, детето нека каже број, а вие направете соодветно толку чекори.
Телефонски број На лист напишете го телефонскиот број на ваша пријателка со големи букви и дајте му го телефонот на вашето дете. Нека се обиде само да ги сврти напишаните броеви еден по еден. Така тоа ќе се вежба да ги препознава бројките и да чита од лево кон десно.
Споредување на големини Додека сте дома, прашајте го „Кој е повисок? Ти или татко ти?“, додека сте во паркот,„Што е поголемо? Клупата или птицата?“, додека ручате, „Што е поголемо? Лажицата или чинијата?“ итн.
Броење во природа Додека сте на прошетка во паркот, бројте ги работите кои ве опкружуваат. Прашајте го колку луѓе одмараат на клупата, колку деца трчаат низ тревата, колку дрва ве опкружуваат, колку птици има на дрвото.
