Модерните бои за кармини се менуваат секоја сезона. Карминот игра главна улога во мејкапот и допринесува за свеж и романтичен изглед.
Но карминот што секогаш останува во мода независно од модните тенденции е така наречениот „nude“ или месо боја. Кремавите нијанси од секогаш биле симбол на нежност и елеганција. Оваа боја ја акцентира дискретно природната убавина на лицето и е идеален избор за жените што ја сакаат минималната шминка.
Боите што исто така ви ги препорачуваме да ги пробате се: праска, бледо розова, светло бежова или само прозирен сјај. Овие бои визуелно ја зголемуваат устата и даваат свежина и помлад изглед.









