Нежна и секси шминка: Доколку сакате шминка за очи која е дефинирана, ама не е претешка, исцртајте го горниот капак со црно моливче, а долниот со кафено. Тоа е еден од најдобрите трикови за убави и нежни очи.
Загрејте го виткачот на трепки: Загрејте го со врела вода или пак фен пред употреба, така вашите трепки ќе бидат значително посвиткани и поистакнати.
Внимавајте на изборот на бои: Внимавајте какви бои ќе изберете за вашата сенка и како ќе ги искомбинирате. Внимавајте да не изгледате премногу нападно или пак да не направите некои лоши комбинации.
Отворете ги очите: Со бело моливче исцртајте го внатрешниот оквир на долните трепки, така вашите очи ќе бидат значително поистакнати.
Римел: Нанесувајте по неколку слоја римел, бидејќи најдобар начин да ја истакнете убавината на вашите очи е да го привлечете вниманието со вашите убави и долги трепки.
