ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 пакување обланди
* 250 гр путер
* 300 гр шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер
* 300 гр мелени бисквити
* 150 гр мелени печени лешници
* 100 гр чоколадо за готвење
* 2 јајца
* 300мл млеко
Глазура
* 200 гр чоколадо за готвење
* 6 лажици масло за јадење
И уште
* 50 гр кршени лешници
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер и путерот се загреваат додека не се стопат путерот и шеќерот.
Во топлата смеса се додаваат бисквитите, се мешаат, па се додаваат јајцата и едно по едно постојано се мешаат.
Не се грижете, смесата е врела и јајцата нема да останат живи. Потоа поделете ја на два дела и во едниот дел ставете ги мелените лешници, а во другиот дел чоколадото.
Оставете се да се олади, па филувајте ги обландите неизменично со темен, па со светол фил. Одозгора ставете нешто тешко за убаво да се спојат и оставете ги најдобро преку ноќ.
Потоа ставете ја глазурата. За глазурата растопете го чоколадото на пареа со маслото и прелијте преку готовите обланди.
Додека е уште топло наросете мелени лешници одозгора.
