Никогаш не ни е доста од триковите со облека, особено во ситуациите кога беспомошно стоиме пред плакарот и кога не ни се облекува ништо од она што го имаме. Со цел да го оставиме нашиот буџет недопрен, а сепак да имаме нов стајлинг, ви прикажуваме неколку начини преку кои вашата обична маица може да стане здолниште.
