Кремот нутела веќе содржи многу додатоци (масти, млеко, чоколадо..) кои инаку треба да ги имате доколку правите амерички колачиња, или браунис. Доколку имате нутела, тогаш ви препорачуваме да го направите овој десерт.
Како што веќе рековме, потребни ви се само три состојки: Нутела 280гр, брашно 60гр и 2 јајца.
Подготовка: Во еден сад добро измешајте ги сите три состојки, а потоа ставете ги во калапи за мафини и печете ги во рерна на 180 степени околу 30 минути. Тоа е тоа! А еве ја и рецептата со слики:

