Motherhood

Образование – рецепт за совршен брак

Двојките кои имаат исто ниво на образование имаат повеќе заеднички теми и интерес заедно да се развиваат и да живеат во хармоничен брак.
Најчесто не привлекуваат луѓе кои имаат сличен степен на образование како и нас, веруваат данските истражувачи кои својата анализа ја базираат на стажот на паровите и нивното формално образование.

Освен на “обичните смртници”, истите пресметки ги употребиле и на холивудските сопружници и утврдиле дека тој феномен е присутен и во светот на славните. Слично ниво на образование е добар рецепт за успешен брак иако не е неопходен, веруваат психолозите, а како најдобра причина за тоа ги наведуваат заедничките теми, интереси и начинот на разговор кои во текот на образованието се “всадуваат” во поединецот. Денес жените, се почесто имаат повисоко образование од мажите, што не било вообичаено во минатото бидејќи мажите имале повеќе можност да школување.

Пример за тоа се познатите личности:
Том Круз и Кејти Холмс имаат хармоничен брак, а и двајцата имаат завршено средно образование, додека Џулијан Мур и нејзиниот сопруг се факултетски образовани како и Мерил Стрип и Доналд Грумер.

Write A Comment