Бебињата стари до година дена треба да спијат исклучиво на грб, на тврд душек и тоа во соба со родителите, ова е една од новите препораки за безбедност на најмладите од Американската академија на педијатри.
На Националната конвенција на американските педијатри, која се одржа во Бостон, заклучено е дека за да се избегне т.н синдром на ненадејна смрт, кој е се поприсутен изминативе години, би требало бебињата секогаш да спијат на грб, додека спиењето на страна се оценува небезбедно.
Се препорачува бебињата додека се будни бебињата можат некое време да лежат на стомак, но под надзор на родителите.
Американските педијатри исто така препорачуваат во кребетот на бебето да нема меки предмети, лабави постелнини, вклучувајки ќебиња и перници и штитници .
Бибињата исто така не би требало редовно да спијат во седечка положба, без разлика дали тоа е во количка или во автомобилска седиште.
