Мојата кујна

Парен колач

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 јајца

* 4 лажици шеќер

* 4 лажици брашно

* 4 лажици гриз

* 1 пакетче прашок за пециво

* 400 мл млеко (за преливање)

* 150 г шеќер (за преливање)

* 1 пакетче ванила (за преливање)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

.Во сад, со помош на миксер, изматете ги белките заедно со шеќерот се додека не добиете црвст шлаг.

Постепено додавајте ги жолчките, притоа константно мешајќи со миксер.

Измешајте го брашното со гризот и прашокот за пециво и додадете го во смесата. Мешајте со силиконска лажица се додека сместа не стане хомогена.

Тавата за печење намачкајте ја со маргарин или путер и смесата истурете ја во неа.

Печете на 180 степени, во загреана рерна, околу 15 до 20 минути. Проверете со чечкалица дали колачот е испечен.

Сварете го млекото, додадете шеќерот и ванилата и со постојано мешање, варете околу 10 минути. Смесата за попарување истурете ја врз оладениот колач (но истурајте внимателно бидејќи површината на колачот е нежна).

Оставете колач да се олади, исечете го на коцки, наросете малку ореви и сервијате го. Добар апетит!

Write A Comment