Сакате мистика, а истовремено и неверојатна смиреност во домот???
Тоа е боја во која се споени стабилноста на сината боја и енергијата на црвената боја. Нејзините нијанси може да се движат од најтемните, бојата на модриот патлиџан, па сè до нежната и светла боја на лаванда. Виолетова боја делува мистично, таинствено и се поврзува со интуицијата и достоинството.

Виолетовата боја ја карактеризира креативност, отменост, елеганција, луксуз, амбиција. Ги придушува страстите, поврзана е со мудрост, независност, магија.

Меѓутоа, таа е и една од најпровокативните бои и делува исклучително екстравагантно. Се смета дека делува смирувачки, па затоа е идеална за создавање атмосфера за медитација.

Користењето на оваа боја се препорачува при уредувањето на спалната соба како и на простории за релаксација, но не е препорачлива за во бањите и кујните.

Виолетовата боја отсекогаш се сметала за боја на повластените класи во општеството, па затоа е идеална боја за собата за гости, во која гостите ќе имаат чувство дека се добредојдени и имаат посебен третман.

Светло-виолетовата боја буди романтични и носталгични чувства, додека темно-виолетовата може да се предизвика и тмурни, тажни чувства.

Некои луѓе стануваат и зависни од оваа боја, па често минуваат долго време во барање на предмети во виолетова боја.

