Многумина од нас немаат време да одмораат неколку недели и да патуваат во далечни места. Затоа е одлично да се најде локација близу и каде што можете за три дена да видите сè и да се забавувате. Едно од овие места е Будимпешта.
Ако сакате три дена да се извлечете од гужвата, тогаш тргнете во Будимпешта и обавезно направете ги следните работи:

Посетете ги термалните бањи
Многумина не знаат дека Будимпешта е изградена на извор на многу термални води и поради тоа во центарот постојат многу термални бањи кои ќе ве лекуваат. Обидете се да ги посетите овие места за да видите што е вистински одмор и уживање.

Посетете го Дунав со чамец
Прекрасниот и големиот Дунав тече низ овој град, и ништо нема да ве разположи и да ве расвесели како едно сјајнo возење со брод низ реката. На овој начин ќе го видите градот од друга перспектива и ќе можете да уживате во сосема друго ниво.
Посетете некои од кафулињата во центарот
Будимпешта е позната по своите одлични места каде што можете да ручате или да имате одлично кафе. На овие места можете да се одморите и да имате убав разговор со вашите пријатели, додека уживате во еден од многуте пејзажи.

Обидете се да пробате традиционална кујна
Секој гурман ќе ужива во традиционална унгарска храна. Викендот поминат во Будимпешта обавезно искористете го и за добар ручек, бидејќи тоа ќе биде вистински финиш на прекрасниот викенд.
