Со вас ќе ја споделиме идеалната маска за лице и веќе нема да имате потреба да одите во салони на скапи третмани. Покрај тоа, нема да има потреба да купите разни производи полни со хемикалии кои можат да бидат штетни за вашето здравје.
Оваа природна маска ќе ги исчисти порите, ќе ја намали појавата на акни, брчки, а исто така и видливоста на лузните. Пробајте го, бидејќи нема да ве разочараме.

Потребни состојки:
– 4 лажици сода бикарбона
– 1 лажица мед
– 2 лажици со вода
Начин на подготовка:
Во чист сад ставете сода бикарбона и мед. Добро измешајте додека не добиете изедначена смеса, а потоа додадете вода. Промешајте повторно и потоа нанесете ја маската на лицето.
Не важи за области околу очите и устата. Оставете да делува околу 15 минути. На крајот, исплакнете со топла вода и исушете со памучен пешкир.
Повторете го овој третман за неколку дена, еднаш дневно и ќе забележите значително подобрување. Вашата кожа ќе биде почиста, негувана и убава.
Состојките што влегуваат во неа се многу здрави. Сода бикарбона делува како антисептик, а медот ќе ја храни кожата и има антиинфламаторно дејство.
