Потребни состојки:
8 лажици вода
400 гр. шеќер
200 гр. маргарин
150 гр. мелени бисквити
150 гр. мелени ореви
200 гр. чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Водата, шеќерот и 150 гр маргарин ставете ги да се варат. Додадете ги мелените бисквити и ореви. Измешајте сè и поделете ги на два дела. Во еден додадете 100 гр чоколада. Во тепсија истурете ја кафеавата, после посветлиот крем. Одозгора глазура. Обавезно дупла маса. Глазура: 100 гр чоколада и 50 гр маргарин за мала тепсија. За голема тепсија двојно повеќе. Чоколадото се топи на пареа и се додава маргаринот. Мешајте добро заедно. На крај одозгора се става глазурата.
На здравје!
