Дестинации

5 најубави мостови во светот

Tower Bridge, Лондон, Англија

Еден од најпрепознатливите симболи на Лондон, Tower Bridge е ѕвезда на милион разгледници, маици, чанти и други сувенири и ниедна посета во Лондон не е комплетна без фотографии во мостот со поглед на реката Темза.

Rialto, Венеција, Италија

Распеани гондолиери ги водат туристите под мостот по должината на Големиот канал во познатиот град на гондоли, а пак елегантните пристаништа и белиот камен на мостот го прави по атрактивен.

Golden Gate, Сан Франциско, САД

Изградбата на овој легендарен мост траеше повеќе од четири години и чинеше 24,3 милиони евра, а мостот стана еден од најпрепознатливите симболи на Сан Франциско. Црвената боја на овој мост, кој се наоѓа над Тихиот Океан, му помогна да стане еден од најфотографираните мостови на светот.

Sydney Harbour, Сиднеј, Австралија

Прекрасниот поглед од мостот на пристаништето и операта Сиднеј ја прават позната и убава градска панорама. Локалното население му го даде прекарот “Ofinger”.

Brooklyn Bridge, Њујорк, САД

Завршен во 1883 година, мостот Бруклин е еден од најстарите мостови во САД. Тој ги поврзува Менхетен и Бруклин. Тој има голем распон од 486,3 метри, што го прави најдолг висечки мост во светот од неговото отворање до 1903 година.

Write A Comment