Убавина

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ПРИЧИНИ поради кои ви oпаѓа косата

Четвртина жените и 75 проценти од мажите барем еднаш во животот им се случува да им паѓа косата. Постојат многу причини зошто тоа се случува, некои се целосно неизбежни, а во некои нема ни да се посомневате.

Стрес

Хроничниот стрес може да резултира во опаѓање на косата. Долготрајната фаза на стрес предизвикува фоликулите на влакната да престанат да растат и да влезат во фазата на “одмор”. Во таа фаза остануваат околу три месеци па паѓаат. Добрата веста е, ако не е нешто сериозно, косата повторно ќе ви порасне по четири месеци од прекинот на стресот, според експертите.

Брзиот губиток на килограми или промената на исхраната

Ако се лишувате од одредени видови на храна, тоа може да резултира со губење на косата затоа што не добивате некои хранливи материи што сте ги добиле претходно. Она што може да помогне се протеините, па ако забележите дека вашата коса опаѓа, збогатете ја исхраната со протеини. Дневно треба да внесете 45 грама протеини.

Висока телесна температура

Ако имате зголемена температура, фоликулите за миг се затвораат, односно престануваат со работа за телото да може да се сконцентрира на борбата против инфекцијата. Колку е повисока температурата и колку што трае подолго, повеќе коса ќе губите. Но тоа нема веднаш да го забележите. Косата почнува да опаѓа околу три месеци по болестта.

Недостаток на железо во крвта

Обилните менструации, вегетаријанството и редовните донации на крвта можат да влијаат врз количеството на протеинот кој што го складира железото во телото. Ниското ниво на железо во крвта е најчестиот проблем кај младите жени кога станува збор за тенка коса.

Контрацептивни пилули

Ако го менувате начинот на контрацепција или само што сте започнале да пиете апчиња, можете да имате негативно дејство врз косата.

Бременост

Една одлична работа што ќе им се случи на некои жени во текот на бременоста е таа што нивната коса ќе стане посјајна и погуста. Но, како што се менуваат хормоните, и паѓањето на косата е можно. Повторен раст на косата може да очекувате три до четири месеци по породувањето, како што пишува Ordinacija.

Write A Comment