Кои се ТОП 3 најинспиративни стилови?

Модните писти се најголем извор на инспирација за сите следбеници на модните трендови.
Бројот на стилови кои се менуваат во текот на една ревија даваат огромен број на идеи кои дефинитивно одговараат на голем број различни карактери и вкусови. Ви препуштаме на вас да го одберете стилот кој е најблизок до вашиот сензибилитет и да го реинтепретирате според вашиот буџет, или, секако, да ја откупите целата колекција од модните писти, ако тоа го сакате, но тоа ќе ве чини доста.
Она што веќе долго време е многу актуелно меѓу трендсетерите низ целиот свет, секако е мешавината и спојот помеѓу скапото и евтиното. Велат дека според тоа се одредува вашата титула на на познавач на модата.
За вас избравме три одделни комбинации на дизајнери кои се во фокусот:
Наташа Зинко
Сакоа со преголеми димензии, чизми преку колената и вибрантните бои се истакнуваат кај оваа модна комбинација.

Версаче
Коктел фустаните со големи појаси кои го нагласуваат струкот се во фокус кога станува збор за овој моден изглед. Исто така е потенцирана и блага доза на 90-тите.

Дриес Ван Нотен
Оделата кои имаат некаков каро, шах или друг вид на мотив по целата должина, се издвојуваат како must-have. Со високи потпетици овој стил добива нова нота.

