Art & Crafts

АКО ФАРМЕРКИТЕ ВИ СЕ ПРЕКРАТКИ, едноставно седнете со нив во када и ќе ги решите сите проблеми

Сите сме се нашле барем еднаш во истата ситуација – омилените фармерки се собраа при перењето или од некоја друга причина едноставно повеќе не не собираат, што може да биде многу фрустрирачко.

Освен што прекратките и претесните фармерки делуваат лошо врз самодовербата, потрагата по нов пар честопати се чини како невозможна мисија.

За среќа, постои еден многу едноставен трик со кој можете да ги проширите своите кратки и тесни фармерки сами дома, без да одите кај кројач. Се што ви треба е када, односно топла купка, а иако звучи лудо, овој проверен трик пали речиси секогаш.

Навлечете ги тесните фармерки на себе, наполнете ја кадата со топла вода и седнете во неа. Топлата вода ќе ја опушти и ќе ја растегне ткаенината и фармерките повторно ќе ви прилегаат како слиени. Секако, овој трик мора да се испроба бар еден ден пред да планирате да ги носите фармерките, бидејќи ќе ви треба време за да се исушат.

Но, пред да влезете со фармерките во када, обидете се да ги испрскате со вода и да ги растегнете рачно, бидејќи тоа е многу поедноставен начин да ги проширите, но не пали баш секогаш.

Write A Comment