Во центарот на шумата, во резерватот на УНЕСКО на биосферата Huilo Huilo во Чиле, се наоѓа еден единствен хотел, покриен со маховина и лозја – La Montaña Mágica или Волшебната планина. Овој хотел како од приказна е изграден во вештачкиот вулкан од кој еруптира вода, наместо лава, и е поставен така што собите имаат поглед и на вистински вулкан – Аренал.
La Montaña Mágica е хотел кој нуди уникатно искуство и авантури. Сите кои сакаат да бидат во една од 13-те соби во текот на ноќта (или повеќе ноќи), треба да стигнат до хотелот пешки преку шумата, а потоа да преминат преку мост кој се лула, кој го држат само даски и јажиња. Една ноќ во Волшебната планина чини помеѓу 180 и 300 евра.
Меѓу дополнителните активности кои La Montaña Mágica ги нуди се дивиот мини голф, каде што дупките се составен дел од природниот терен, најдолгата зип-линија во Јужна Америка, истражување на шумата и дивината, долги прошетки, а по напорниот ден, гостите можат да се релаксираат во уникатни кади направени од стебла. Покрај тоа, во околината на хотелот живеат и преслатките pudú – најмалиот вид на елени во светот, високи само 30 сантиметри.










