Ова е едноставен, брз и многу ефикасен начин за чистење на залепената пегла, а сè што ви треба е едно апче парацетамол.
Пеглата ќе ви биде како нова …
Залепените црни наслаги на дното на пеглата тешко се отстрануваат, пречат при пеглањето, а можат и да ја уништат облеката. Но, постои генијален трик како да се исчисти – едно апче парацетамол.
Се што треба да направите е да ја загреете пеглата, да го земете апчето со пинцета (да не се изгорите) и со него да ги истриете флеките. Нечистотијата ќе стане течна и само ќе ја избришете со сува крпа.
