Со овие парчиња, комбинирањето на облеката ќе стане вистинска игра!
Кој вели дека есента треба да биде темна, еднолична и здодевна? Кога не знаете што да облечете, вклучете ги класичните парчиња во непредвидливи бои, а потоа дополнете ги со модни додатоци кои ќе ве трансформираат во кралица на стилот. Капите се враќаат во мода, можете да изберете помеѓу беретки или морнарски крој, и двата модели гарантираат добра забава и look на дива во потрага по авантура.
Се врати и бижутеријата, особено пластичниот накит во форма на големи обетки кои совршено ги надополнуваат џемперите и женствените блузи, а кога станува збор за ташните, не е важно во кои бои се, туку дали имаат интересни форми, по можност геометриски или вреќести.
Актерката Poppy Delevingne неодамна не воодушеви со фризурата на Еми наградите, а тој изглед можете и самите да го рекреирате благодарение на големата црна панделка што можете да ја најдете во локаните бутици.

Кои други хит модни додатоци ги избравме за вас, погледнете подолу и инспирирајте се!
Морнарска капа – Зара

Наочари за сонце Dolce&Gabbana – MyTheresa

Ракавици со панделка – Mango

Пластични обетки – Zara

Геометриска мини ташна – Mango

Панделка за коса – Stradivarius

Тенок ѓердан со привезок со розев камен – Berscha

