
По cold brew трендот кој што го обожаваа љубителките на ладни тонови и препечениот кокос, на ред дојде нов тренд кој што е наменет за сите бринети кои сакаат да ја задржат топлината и црвеникавата коса.
Станува збор за chili chocolate прамените кои станаа многу популарни и барани откако се појавија.
Ако побарате од фризерот да ви направи чили чоколадни прамени, ќе добиете мешавина од темно кафеави и бакарни прамени кои изгледаат како да се прелеваат еден во друг, давајќи навидум поголем волумен, а на вашето лице саканата топлина во есенските и зимските денови.
Овие прамени се идеален избор ако сакате да експериментирате со црвената боја на косата. Друга предност на овие прамени е тоа што со секое испирање ќе добиете нова, уште поубава боја и нема да треба да ги обновувате барем неколку месеци.


