За повеќето видови доволно е да се наводнуваат, два пати неделно, а за некои и само еднаш. Во овој случај, внимавајте да не ги наводнувате цвеќињата со вода директно од чешмата, туку со вода на собна температура.
Ненадејното заладување е причина, ако веќе не сте го направиле тоа, собното цвеќе што сте го чувале надвор, на терасата или во дворот, да го внесете внатре. Веќе му е ладно, особено ноќе и наутро, кога температурите се спуштаат блиску до нулата. Пред да ги внесете растенијата во куќата, проверете дали се здрави и доколку имаат овенати ливчиња или гранки, отстранете ги и фрлете ги. Полесно е да ги нахраните растенијата, т.е. да им додадете ѓубриво додека се надвор, отколку кога ќе ги внесете во куќата.
Искористете го преместувањето да го направите и тоа, а потоа вие и цвеќето ќе бидете мирни до пролет.

Цвеќиња исто така можете да ги внесете во ходникот, ако во него имате простор за нив, но само ако до него допира светлина, бидејќи повеќето цвеќиња сакаат да бидат изложени на сончева светлина.

Затоа внатрешните парапети на прозорецот се најдобри места за презимување на цвеќето. Бидејќи поминаа жешките денови, веќе нема потреба да ги наводнувате цвеќињата толку често, колку што сте ги наводнувале во текот на летото. Во куќата обично нема простор како на терасата или во дворот, но сепак внимавајте како ќе ги поставите саксиите со цвеќе бидејќи не треба да се допираат листовите и цветовите од соседните саксии.
