
Луѓето можат да се поделат на оние кои сакаат модерен стил во дизајнот на просторот и оние кои претпочитаат традиционален стил. Но, што се случува ако љубителите на овие два стила живеат во истиот стан? За да не се чувствува загрозена ниедна страна, клучниот збор е компромис.
За успешно да се комбинираат два сосема различни стилови, прво направете план, така што нема да добиете мешавина од сè и сешто. Дознајте што е можно повеќе за различните стилови (на пример, стилот на седумдесеттите е со детали со цветови, големи столици), а потоа ќе видите што е најдобро за вашиот дом.
Можеби подобро е да почнете од една соба за да видите како ќе оди. Додадете модерно парче на традиционалниот декор или обратно и гледајте како се менува просторот.
Главното правило е дека треба да изберете доминантен стил и само деталите да бидат во другиот стил. Второто правило е да не го преоптоварувате просторот, бидејќи ќе добиете хаос. Клучот е да се комбинира сè на вистински начин за да се направат двата стила уште поизразени.
Постојат два начини на кои можете да го направите тоа. Прв е контрастот, што значи да изберете сосема различни претставници на двата стила. Можеби сепак ќе биде полесно да се определите за поинаков начин – координација. Ова значи да ги искомбинирате боите, формите, тоновите, на пример, да изберете мебел што е направен од ист материјал, на пример традиционалната дрвена маса и модерни дрвени столици.
Декоратeрите посочуваат дека масичката за кафе секогаш може да биде модерна, дури и во традиционален декор, додека обратното всушност баш и не функционира.
Во дневната соба, фотељите и кадифениот мебел, елегантните килими, антиквитетите можат да ги бранат боите на традиционалното, додека современата масичка за кафе со едноставни линии прави противтежа.
На ѕидот, создадете галерија која ќе биде украсена со модерни и традиционални уметнички дела, комбинирајте, на пример, слики од мртва природа со дела на апстрактни мотиви.
Осветлувањето може да биде модерно во традиционален декор, но обратно, на пример старите лустери изгледаат шик во модерен ентериер.
СОВЕТ ПЛУС! Некои парчиња одговараат со двата стила, како што се белиот тросед или полицата за книги од подот до таванот, апстрактната уметност, ориенталните теписи, огледалата со стари рамки.





