Новости

И ЗАБРАНИЛА НА ЌЕРКАТА ДА ГЛЕДА ЦРТАНИ ФИЛМОВИ СО ПРИНЦЕЗИ: Познатата актерка има одлична причина за тоа!

Не ја поддржува Пепелашка и Малата сирена.

Британската актерка Кира Најтли со Џејмс Рајтон ја има тригодишната ќерка Еди. За тоа како ја воспитува зборуваше во шоуто на Елен Деџенирис, каде што откри дека постојат некои работи кои што и ги забранува на нејзината ќерка. Таа и забранува на својата ќерка да гледа цртани филмови со принцези.

Призна дека и е жал што на ќерка и мораше да и забрани да гледа цртани филмови затоа што има многу убави цртани, но поради тоа што не сака нејзината ќерка да зависи од мажите, тоа и беше единствениот можен избор.

“Пепелашка е кај нас забранета. Ова е девојка која го чека богатотот момче да ја спаси. Не. Спаси се сабата себеси. Малата сирена, исто така. Тоа ме прави многу лута затоа што сакам овој цртан филм, песните се убави, но едноставно не можам да го поддржам тоа што таа се откажа од својот глас поради маж “, рече Кира.

Никакви цртани филмови со принцези не доаѓаат во предвид, бидејќи Кира едноставно не сака нејзината ќерка да расте мислејќи дека и треба маж во животот и дека таа како жена, без него, е ништо.

Write A Comment