
Сакото е едно од најосновните парчиња како дел од есенските модни комбинации. Иако ова парче не излегува од мода, од сезона во сезона, модерните дами му даваат ново лице, прилагодувајќи го во различни комбинации.
Оваа есен, сакото е најмногу носено во комбинација со мини здолниште.
Во таква комбинација, преголемото сако изгледа најдобро, а сосема е сеедно дали го комбинирате со здолништето што доаѓа со него во комплет или сепак се одлучивте за тексас или твид-здолниште.
Ако сакате да ја истакнете витката линија, одберете здолниште со висок струк и ставете ремен над вашето сако.
