Sweet Home

ДНЕВНА СОБА ВО КОЈА ШТО ЌЕ СЕ ЗАЉУБИТЕ: познатиот пејач Стинг осмисли ентериер ремек-дело

Поранешната резиденција на Стинг е олицетворение на добар вкус и квалитетен дизајн!

Познатиот британски пејач Стинг го купи овој стан во Њујорк во 2008 година и заедно со неговата сопруга го претворил во амбиент на максимална функционалност, хармонија и естетика. Иако, во меѓувреме, станот е продаден за 56 милиони долари, го претставуваме долгогодишниот дом на пејачот во кој инвестираше многу пари и време за да го претвори во она што се гледа на овие слики.

Невообичаениот двостран камин во централниот дел, потоа спиралните скали, пространата професионална кујна и раскошната тераса, три спални, спа бања, работен простор сместени во 540 м2.

Библиотеката се наоѓа во продолжетокот на дневната соба, а од неа, како и од останатите агли има величенствен поглед кон урбаниот пејзаж на градот Њујорк.

Write A Comment