Bridal

Пари како идеален подарок за младите

“Ајде да бидеме искрени и да признаеме дека сите најмногу сакаат да добијат пари за свадбен подарок. Со парите можат подоцна да го направат токму она што го сакаат и кога сакаат.”

Венчавката е време кога сите се веселат. Храна, пијалок, музика, ресторан, црква … сето тоа чини, а колкава е цената на сето ова знаат само младенците. Веројатно и нивните родители. На крајот на една прекрасна вечер, на новопечениот пар му се даваат подароци. А кој подарок најмногу би сакале да го добиете?

Се разбира, првиот на листата на желби е – пари.

Младите мораа да ја платат својата венчавка, честопати подигајќи кредит, а со тоа доаѓаат и други трошоци поврзани со заедничкиот живот. Можеби парите ви се чинат како безличен подарок, но верувајте дека на младите најмногу ќе им помогне.

Тешко е да се одреди соодветниот износ што треба да се даде. Сумата варира, но општата култура наложува да ги покриете барем трошоците за вашето присуствување. Со други зборови, дадете (барем)толку колку што чини вечера за вас и вашата придружба.

Оваа информација би требало да биде лесно достапна бидејќи, иако често им е непријатно на младите да разговараат за тоа што (или колку) сакаат да добијат, повеќето немаат проблем со откривањето на цената на вечерата по гостин.

Се разбира, убаво е ако можете да дадете повеќе, но никој не би требало да го очекува вашиот финансиски колапс поради сопствената комоција.

Write A Comment